Австрискиот репрезентативец кариерата изгледа ќе ја продолжи во Кина.
Фудбалерот на Вест Хем, Марко Арнаутовиќ е пред трансфер во кинески Шангај ШИПГ за 50 милиони евра, пренесува британски „Тајмс“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шампионот на Кина ја заголеми понудата по трет пат и на фудбалерот со српско потекло му е понудена плата од скоро 400.000 евра неделно.
Тоа значи дека 29 годишниот фудбалер по сезоната ќе заработува огромни 20 милиони евра и ќе застане во редот на најплатените фудбалери во светот.
Вест Хем сака да го задржи Арнаутовиќ, но тој инсистира на трансфер на Далечниот Исток за да го направи финансиски најсилниот договор во кариерата.
Арнаутовиќ во Вест Хем пристигна во 2017 година за 25 милиони евра што тогаш беше клупски рекорд за Вест Хем.
https://youtu.be/gJGydv53sQA