Познатиот играч во американски фудбал, Том Брејди на социјалните мрежи објави видео кое многумина го сметаат за скандалозно.
Брејди ја фати својата ќерка за рака и скокна од карпа. Немаше да има никаков проблем доколку стануваше збор за нормална висина, а не висина која е сериозно голема и за возрасен човек, а не пак за дете.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За среќа Брејди и девојчето поминаа неповредени. Очигледно Брејди беше толку горд на себе и на својата ќерка, па видеото го сподели на социјалните мрежи и напиша:
„Ако Виви еден ден стане олимписка шампионка тоа сигурно нема да биде во пливање. Сепак, тука е тато даде десетка“.