Дома Фудбал Англија Лошите вести за Манчестер Јунајтед не запираат: Уште двајца повредени играчи

Лошите вести за Манчестер Јунајтед не запираат: Уште двајца повредени играчи

Жозе Мурињо потврди дека сезоната е завршена за Ешли Јанг и Тим Фосу-Менсах.

„Специјалниот“ на денешната пресконференција пред натпреварот против Селта Виго во ЛЕ истакна дека во новата ситуација на тимот ќе му биде уште потешко да ја постигне целта, односно да се пласира во ЛШ следната сезона.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Португалецот по поразот од Арсенал призна дека не е реално екипата да заврши меѓу првите четири екипи на табелата во Премиер лигата, но ќе има можност да ја постигне истата цел доколку го подигне трофејот во Лигата на Европа.

Манчестер Јунајтед има поволен резултат за да се пласира во финалето од споменатото натпреварување, откако ја совлада Селта со 1:0 на гости и сега на свој терен има резултат, а останува само да го одбрани. Во битката за трофејот и пласманот во ЛШ, најверојатно ќе се сретне со Ајакс, кој на свој терен го совлада Лион со убедливи 4:1.

„Доколку не се квалификуваме во ЛШ, тоа е затоа што не сме доволно добри за ЛШ“, изјави Мурињо во свој стил.

Покрај Јанг и Менсах, сезоната претходно заврши и за нивниот најдобар стрелец сезонава, Ибрахимовиќ, а на листата на повредени играчи се уште Рохо и Шо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…