Дома Фудбал Останато Лоши вести за Монако: Фалкао надвор од терените три недели

Лоши вести за Монако: Фалкао надвор од терените три недели

Колумбискиот фудбалер, Радамел Фалкао ќе паузира три недели поради повреда, соопшти клубот од Кнежеството.

Фалкао е најдобар фудбалер на Монако оваа сезона, бидејќи постигна 23 гола во сите натпреварувања и неговата повреда ќе биде голем хендикеп за оваа екипа.


Колумбиецот се повреди на натпреварот во Лига 1 против Лион, кој Монако го доби со 3:2, а станува збор за повреда на левиот мускул. Потсетуваме, Фалкао на споменатиот натпревар постигна гол, а од игра излезе во текот на вториот дел од натпреварот.

Екипата на Монако во моментов се наоѓа на 3. позиција во Франција со 50 освоени бода, а следниот натпревар го игра на гости против Анжер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан ја одби понудата од Манчестер Сити: Тоа не е доволно!

Се наближува крајот на сезоната во европските натпреварувања, со што и летниот трансфер пе…