Дома Фудбал Англија Лоши вести за „граѓаните“: Познато колку ќе отсуствува Агуеро

Лоши вести за „граѓаните“: Познато колку ќе отсуствува Агуеро

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ќе го пропушти натпреварот против Кардиф кој на програмата е утре, потврди Пеп Гвардиола.

Најдобриот стрелец во Премиер лигата го напушти теренот во 57-та минута на мечот против Фулам овој викенд кој „граѓаните“ го добија со 2:0.

Агуеро исто така ќе биде под знак прашалник и за мечот од ФА Купот против Брајтон кој се игра во сабота.

„Не тренираше последните два дена и утре сигурно нема да биде повикан за натпреварот. Можеби ќе биде спремен за сабота, но треба да видиме како ќе напредува следните денови“, изјави Гвардиола.

Планот на Гвардиола е Агуеро да биде подготвен за мечот од Лигата на шампиони против Тотенхем кој на програмата е следниот вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан ќе доведе уште еден фудбалер, Аморим гледа кон „Енфилд“

Милан сака дополнително да се засили на крајот од трансферниот период и на тренерот Рубен …