Дома Фудбал Англија Лоша вест за Челзи: Без најдобриот против Арсенал?

Лоша вест за Челзи: Без најдобриот против Арсенал?

Eкипата на Челзи гостува кај Арсенал во својот следен премиерлигашки натпревар во вторник од 21 часот, а за овој натпревар под знак прашалник е настапот на Кол Палмер.

Палмер поради болест го пропуштил последниот тренинг пред градското дерби и неговиот настап е неизвесен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ќе видиме утре наутро, во овој момент мислам дека нема да игра. Дури и да се чувствува подобро утре, тој се прашува во каква состојба ќе биде за да го игра натпреварот“, изјави Покетино.

Палмер е најдобриот фудбалер на Челзи сезонава и неговото отсуство би било сериозен удар за тренерот Маурисио Покетино. Исто така не е сигурно и дека десниот бек Мало Густо ќе може да настапи.

На табелата Челзи е на деветтата позиција со 47 бода, додека Арсенал боди битка со Манчестер Сити и Ливерпул за врвот. Арсенал и Ливерпул се лидери со по 74 бода, додека Сити е третопласиран со 73, но и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …