Арсенал и Тотенхем одиграа фантастичен натпревар со два пресврти и шест гола, а трите бодова на крајот останаа на „Емирати“.
Арсенал одлично го отвори натпреварот и рано дојде до водство со голот на Обамејанг од пенал во 10-та минута. „Топџиите“ во тој период можеа и да ја зголемат предноста, но казната за промашените шанси стигна во 30-та минута преку Даер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Само четири минути подоцна судијата досуди сомнителен пенал за „спарси“, а сигурен реализатор од белата точка беше Кејн за 2:1: резултат со кој се замина на полувреме.
Во вториот дел Арсенал направи комплетен пресврт и стигна до заслужена победа. Најпро израмни Обамејанг, а потоа Лаказет и Тореира погодија за конечни 4:2.
Тотенхем остана со играч помалку во 85-та минута кога Вертонген заработи втор жолт картон.