Десниот бек Стефан Лихштајнер потврди дека после седум години на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус.
Лихштајнер пред седум години пристигна во Торино и се стекна со легендарен статус бидејќи учествуваше во освојувањето на сите претходни 6 Скудета.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Швајцарецот синоќа после победата над Болоња, кога тимот е на чекор од седмата титула, потврди дека го напушта Јувентус.
„Ова се моите последни 15 дена во Јувентус. На крајот на сезоната ќе го напуштам овој клуб, ми треба нова мотивација, нов предизвик, ќе ја продолжам мојата кариера надвор од Италија. Не можам да кажам каде, се уште не сум потпишал договор“, изјави Лихштајнер.
Десниот бек има запишано 203 натпревари за Јувентус во сите натпреварувања, на кои постигна 12 гола.