Новиот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо се позиционира на второто место меѓу најплатените тренер во светот.
„Специјалниот“ со годишна плата од 17,5 милиони евра е на второто место и повеќе плата од него добива само Пеп Гвардиола, на кого Манчестер Сити годишно на сметка му префрла 23 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Диего Симеоне од Атлетико Мадрид сега падна на третото место со годишна плата од 15 милиони евра.
Уште поинтересно е дека најпалтената „петка“ ја формираат Рафа Бенитез (Далијан Ифанг – 13,5 милиони) и Фабио Канаваро (Гуангжу Евергранде – 12 милиони). На 6-то место е тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој годишно заработува исто така 12 милиони, па следи Антонио Конте со 11 милиони евра.
Актуелниот европски шампион Јирген Клоп е на 10-то место со годишна плата од 8 милиони евра.