Легендарниот италијански тренер Марчело Липи откри дека во јануари ќе ја напушти репрезентацијата на Кина, но се уште не размислува за пензија.
Липи е во Кина од 2012 година, четири сезони го водеше Гуангжу, а потоа ја презеде кинеската репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Доживеав одлично искуство, но заминувам во јануари после Азискиот куп. Кинезите ми понудија нов договор на четири години, но не можев да го прифатам. Сакам да бидам дома и да ги наполнам батериите“, изјави Липи.
Сепак, 70-годишниот стратег се уште не размислува за пензија.
„Можеби ќе бидам селектор на некоја европска репрезентација. Сакам да бидам блиску до Италија. Можеби и Емирати“, додаде Италијанецот.
Легендарниот тренер со Јувентус освои се што можеше да се освои, а со Италија стана светски шампион во 2006 година.