Дома Фудбал Англија Линекер се засрами: Додека беше во програма во живо му вклучија „филм за возрасни“ 🎥

Линекер се засрами: Додека беше во програма во живо му вклучија „филм за возрасни“ 🎥

Во малку непријатна ситуација се најде англиската легенда Гери Линекер по вчерашната пресметка помеѓу Вулвс и Ливерпул во ФА Купот.

Додека Линекер анализираше како домаќин заедно со неговиот колега и гостин, Дени Марфи во позадина почнаа да се слушаат звуци од „филмови за возрасни“. Ситуацијата за Линекер сигурно беше незгодна, но брзо стана хит на социјалните мрежи.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Гафот се случи во моментот кога Линекер го претставуваше Алан Ширер кој требаше да биде вклучен телефонски, но место телефонската врска се вклучи нешто друго. Линекер со блага насмевка истакна дека не знае од каде доаѓаат овие звуци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Валенсија посрамотена во Каталонија: Барселона ѝ даде дури шест гола (Видео)

Барселона на импресивен начин ја потврди фаворитската улога во Ла Лига, совладувајќи ја Ва…