Дома Фудбал Останато Линделоф и втора година во низа го победи Ибрахимовиќ

Линделоф и втора година во низа го победи Ибрахимовиќ

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф втора година во низа е прогласен за најдобар шведски фудбалер.

Овој 25 годишен стопер признанието го доби во конкуренција на ветеранот Златан Ибрахимовиќ (ЛА Галакси), Андреас Гранквист (Хелсинброг), Емил Форсберг (Лајпциг) и Александар Исак (Реал Сосиедад).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Добрите настапи на Линделоф неодамна му донесоа и нов договор со Манчестер Јунајтед со важност до 2024 година.

Сега повторно ја добива наградата за најдобар во Шведска пред Ибрахимовиќ кој претходно 11 пати го освојуваше ова признание.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатно е што прави Ендрик, во Мадрид може само да плачат!

Ендрик оваа зима пристигна во Лион на позајмица од Реал Мадрид и веќе на почетокот на нова…