Лидс ја подигнал цената на ѕвездата Рафиња, откако тимот успеа во последен момент да се спаси од испаѓање од Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во клубот се помирија дека нема да можат да го задржат Рафиња, откако силен интерес за него покажаа Барселона, ПСЖ и Челзи, но раководството сака максимално да ја искористи неговата продажба.
Најсилен интерес за Бразилецот покажува Барселона, а Лидс ги известил Каталонците дека цената на играчот е 55 милиони евра и нема да го пуштат за помалку пари.
Тоа сигурно ќе ги помеша сметките на Барселона, која се надеваше да го добие неговиот потпис за многу помала сума.
Рафиња преферира преселба на „Камп Ноу“, а Барселона во него гледа идеална замена за Осман Дембеле.
Сепак, Барселона во моментов не е во можност да ја плати бараната сума, а тоа може да го искористат ПСЖ и Челзи.