Дома Топ вести Ливерпул ја сака младата ѕвезда на Барселона

Ливерпул ја сака младата ѕвезда на Барселона

Ливерпул е спремен да испрати богата понуда за младиот плејмејкер на Барселона, Педри, пренесуваат медиумите на Островот.

Според информациите „црвените“ веќе стапиле во контакт со претставници на играчот и сакаат да го донесат на „Енфилд“ на лето.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


18-годишниот талент има договор со Барселона на уште две години, но во него има откупна клаузула од 80 милиони евра.

Меѓутоа, од Барселона јасно ставиле до знаење дека не сакаат да се разделат со фудбалерот и брзаат да му понудат нов договор со поголема плата, но и астрономска откупна клаузула.

Покрај тоа Ливерпул не се откажува и е спремен да му понуди поголема плата на Педри за да го убеди да не става потпис на нов договор туку да се пресели на „Енфилд“.

Педри пристигна во Барселона од Лас Палмас за 10 милиони евра и до денес има одиграно 44 меча за Каталонците на кои постигна 3 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…