Додека вниманието на фудбалската јавност е насочено кон трансферот на Фелипе Кутињо од Ливерпул во Барселона, наскоро би можеле да видиме уште една зделка на релација „Камп Ноу“ – „Енфилд“.
Ливерпул неодамна потроши 84 милиони евра на доведување на Вирџил Ван Дијк од Саутемптон, а во текот на овој месец „црвените“ би можеле да направат уште еден скап трансфер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според медиумите во Англија, Јирген Клоп е спремен да ја плати откупната клазула на фудбалерот на Барселона Рафиња Алкантара која изнесува 75 милиони евра.
Заминувањето на Алкантара би можело да биде и последица на пристигнувањето на Фелипе Кутињо во Барселона.
Рафиња во текот на оваа сезона не запиша ниту еден настап за Барселона, а причина за тоа се повредите.\