На големо изненадување Ливерпул ова лето може да го стави на трансфер листа капитенот Џордан Хендерсон, пренесуваат медиумите на Островот.
Причина за ваквата одлука е што двете страни не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката. Актуелниот договор на Хедерсон истекува во јуни 2023 година, па следното лето ќе влезе во последната година од договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хендерсон е на „Енфилд“ веќе десет сезони, а од 2015 година ја носи капитенската лента.
Ливерпул не сака да ризикува и да влезе во последната година од договорот, па е спремен да слушне понуди за Хендерсон ова лето.