Ливерпул сериозно се вклучи во трката за српскиот репрезентативец и ѕвезда на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
СМС блеска и оваа сезона, а на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Лацио ќе мора да го продаде на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се твредеше дека Лацио за неговата слобода минатото лето барал 100 милиони евра, но „Газета дело Спорт“ пренесува дека сега неговата цена драстично паднала.
Милинковиќ-Савиќ влегува во последната година од договорот, па Лацио е спремен да го пушти за 55 милиони евра, сума која неколку клубови се спремни да ја платат.
Ливерпул сака да ја победи конуренцијата, бидејќи Клоп е во потрага по квалитетен играч за врска, а верува дека Милинковиќ-Савиќ одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра.