Фудбалерот на Ливерпул, Харви Елиот го чека подолго отстуство од терените затоа што повредата која ја заработи вчера против Лидс ќе мора да се санира со операција.
Елиот против Лидс се здоби со тешка повреда откако му беше дислоциран зглобот, подоцна му беше вратен во нормалната положба, а тој беше пренесен во болница.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ливерпул сега потврди дека 18-годишниот фудбалер е пуштен од болницата на домашно лекување.
Освен тоа клубот информираше дека во наредните денови ќе биде направена и операција на зглобот на Елиот, а тогаш ќе биде познато колку точно ќе отсуствува.