Дома Фудбал Англија Ливерпул не ги заборава: Пред 30 години на денешен ден се случи една од најголемите трагедии во фудбалот (ВИДЕО)

Ливерпул не ги заборава: Пред 30 години на денешен ден се случи една од најголемите трагедии во фудбалот (ВИДЕО)

На денешен ден, 15 април 1989 на стадионот „Хилсброу“ во Шефилд загинаа 96 навивачи, а најмладата жртва имаше само 10 години.

„Хилсбороу“ и до денес e најголемата несреќа во историјата на британскиот спорт и една од најголемите спортски трагедии во светот. Ливерпул играше полуфинале од ФА Купот против Нотингем Форес.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот сојуз го избра неутралниот стадион „Хилсброу“, но за голема жалост се заврши трагично, 96 навивачи ги изгубија своите животи.

Несреќните навивачи останаа буквално прегазени на оградата на преполниот стадион кој имаше капацитет од 39.000 гледачи, но поради грешка на полицијата и сигурносните служби присуствуваа повеќе од 54.000.

Како една од главните причини за несреќата се наведува одлуката на обезбедувањето да се отвори заштитната ограда на трибината „Leppings Lane End“ со цел да се намали притисок. Тоа беше кобен потег по кој настана страшно стампедо.

Но, тоа не било единствениот пропуст. Во општиот хаос на „Хлисброу“ истрагата покажа дека скоро половина од загубените животи, 41 од 96 можеле да бидат спасени доколку добиле адекватна лекарска помош.

 

https://youtu.be/esyxX0iVnYc

 

https://youtu.be/Am6vmX9SuOY

https://youtu.be/y0DhCN43wSc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …