Ливерпул започнал преговори со дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате, пренесуваат медиумите на Островот.
„Црвените“ веќе започнале разговори со агентот на Конате и сакаат да го донесат на „Енфилд“ во јануари.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
20-годишниот Конате одлично ја започна сезоната и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Клоп е во потрага по дефанзивец кој ќе може да го замени повредениот Ван Дајк, но исто така во иднина да биде и негов партнер во дефанзивната линија.
Лајпциг е спремен да го пушти Конате, но само доколку пристигне понуда од 40 милиони евра.