
Ливерпул е во пол-позиција за потписот на новиот голем талент на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко.




17-годишниот напаѓач веќе има четири гола во Бундеслигата на десет меча од почетокот на сезоната.




Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Мукоко важи за еден од најголемите таленти во Германија, а неговите настапи го воодушевија менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.




Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ исто така ја следат ситуацијата и го сакаат Мукоко, но фаворит за неговиот потпис е токму Ливерпул.




Актуелниот договор на талентот истекува на лето, па тоа го прави уште попривлечен за гигантите, бидејќи може да го доведат како слободен агент.