Првиот носител на Истокот Милвоки Бакс славеше рутински во првиот натпревар од плејофот во НБА лигата против Детроит Пистонс со 121:86.
Јанис Антетокумпо уште во првото полувреме имаше 14 поени и 10 скока со што стана третиот играч на Бакси во последните две децении со дабл-дабл во првите 24 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бакси беа толку доминантни што Јанис во второто полувреме и не мораше премногу да игра. Натпреварот го заврши со 24 поени и 17 скокови за помалку од 24 минути поминати на теренот.
Со своите настапи сериозно се наметнува како најсериозен кандидат за МВП на сезоната, а сега воодушеви и со забивање скоро од линијата за слободни фрлања, се одрази 4.17 метри.
Изгледа како овој човек да може да забие и од линијата за слободни фрлања…
Giannis Antetokounmpo is going to dunk from behind the FT line in a live game before it's all said & done, right? pic.twitter.com/ECSYD40BHv
— Michael Lee (@MrMichaelLee) April 15, 2019