Лестер нема намера да разгледува никакви понуди на Бен Чилвел, изјави менаџерот Брендон Роџерс.
Интерес за 23-годишниот лев бек покажуваат Челзи и клубовите од Манчестер, но Лестер не размислува за продажба.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Тој е играч на Лестер. Имаме одличен состав и сакаме да го зачуваме. Не постои никаква причина да го продадеме Чилвел. Немаме потреба за тоа, тој не е на продажба“, изјави Роџерс.
Лестер има уште една одлична сезона и се бори за излез во Лигата на шампиони заедно со Челзи и Манчестер Јунајтед.
„Лисиците“ го проценуваат Чилвел на 60 милиони евра, сума која заинтересираните клубови не се спремни да ја платат.