Премиерлигашот Лестер сака да се засили во зимскиот преоден рок со играчи на италијанските гиганти Милан и Јувентус.
Имено, на радарот на „лисиците“ се дефанзивецот на „старата дама“ Даниеле Ругани и играчот за врска на Милан, Хакан Чалханоглу.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Ругани оваа сезона добива многу мала минутажа и е спремен да ја промени средината во зимскиот преоден рок, а таквата ситуација сака да ја искористи Лестер.
Лестер на сличен начин одработи и со Сојунчу кој го донесе една година пред да го продаде Мегваер, а сега веројатно ќе заработи големи пари на неговата продажба, а негова замена би требало да биде токму Даниеле Ругани.
Роџерс сака да го засили и средниот ред, а прва желба е Чалханоглу. Милан е спремен да го продаде турскиот репрезентативец за 20 милиони евра, па се очекува наскоро да започнат преговорите.