Дома Фудбал Англија Лестер не успеа да им ја прекине долгата победничка серија на „Граѓаните“ (ВИДЕО)

Лестер не успеа да им ја прекине долгата победничка серија на „Граѓаните“ (ВИДЕО)

Манчестер Сити и Арсенал обезбедија пласман во полуфиналето во рамки на Лига Купот, откако вечерва славеа во дуелите со Лестер и Вест хем.

Избраниците на Гвардиола се пласираа во следната фаза по пенал-рулетот, откако вечерва по голема битка успеа да го елиминира Лестер. Мечот заврши 1:1 по регуларните 90 минути, а во пенал паритијата блесна голманот на „Граѓаните“, Клаудио Браво кој сезонава настапува само во Лига Купот.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Бернардо Силва го постигна голот за водство на Сити со кој гостите се наоѓаа на чекор до триумф. Сепак, во 95. минута судијата покажа на белата точка по стартот на Вокер врз Греј, по што Варди беше сигурен реализатор на пеналот и го одведе мечот во продолженија.

По продолженијата резултатот не се промени, по што обете екипи се подготвија за пенал партија. Таму подобри беа гостите, со оглед на тоа дека голманот Браво го одбрани токму ударот на Џејми Варди во четвртата серија, потоа и оној на Марез во петтата серија, за пласман на „Граѓаните“ во полуфиналната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

По разочарувачката сезона без освоен трофеј во која дополнително Барселона зададе четири б…