Францускиот репрезентативец Томас Лемар призна дека е разочаран од фактот што ја пропуштил можноста да се пресели во Премиер лигата минатото лето.
За ѕвездата на Монако силен интерес покажуваат Арсенал и Ливерпул, кои понудија 90 милиони фунти, но трансферот не се реализираше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бев многу разочаран што не се преселив во Премиер лигата. Меѓутоа, кога заврши трансфер пазарот се фокусирав само на фудбалот. Ќе продолжам да работам уште повеќе за тие клубови повторно да се вратат по мене следното лето. Отворен сум за сите понуди, не ја затворам вратата на никого“, јасен беше Лемар.
"I am open to all offers": France star Thomas Lemar issues come and get me plea to Arsenal and Liverpoolhttps://t.co/laKEz1Z3ad pic.twitter.com/9AMgpCO0yH
— Mirror Football (@MirrorFootball) March 25, 2018
Арсенал и Ливерпул повторно ќе водат битка за неговиот потпис на лето, а Монако за неговата слобода бара најмалку 100 милиони евра.