Некогашниот лев бек на Ливерпул, Хосе Енрике денес објави дека се повлекува од професионалниот фудбал.
Тој истакна дека неговото тело не може да издржи и дека се бори со тешка повреда на коленото, поради што одлучил да се повлече.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хосе Енрике во ПЛ се прослави настапувајќи за Њукасл и Ливерпул, а до денес беше член на шпанскиот второлигаш Сарагоса.
„Не можам повеќе да играм под лекови, не сум веќе во можност ниту да тренирам. Тоа тешко ми паѓа, бев очаен. Моето колено пукна како топка, не можев да одам. Посетив пет различни лекари, но никој не можеше да го каже вистинскиот проблем“, истакна Енрике.
Оваа вест посебно стана интересна за англиските медиуми, откако се испостави дека Енрике го блокирал Џејми Карагер на својот твитер профил.
Тој имал намера да му посака среќа во иднина, но не можел бидејќи е блокиран.