Кол Палмер ја помина академијата на Манчестер Сити и за првиот тим запиша 41 настап во кои постигна шест погодоци и додаде две асистенции. Гвардиола сепак не сметаше на него и го пушти да за замине во Челзи за 43 милиони евра и во Лондон го покажа својот квалитет.
Во сезоната 2023/2024 Палмер настапи на 48 натпревари во кои имаше учинок од 27 гола и 15 асистенции. Судејќи по тоа што во актуелната сезона веќе има шест гола и пет асистенции и ова за него ќе биде успешна сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За ситуацијата на Палмер зборуваше легендарниот шкотски фудбалер, Грем Соунес кој не би бил изненаден ако Реал се обиде да дојде до Палмер.
„Сити погреши што му дозволи на Палмер да замине минатата сезона во Челзи. Сигурен сум дека имаа и други играчи од кои можат да заработат. Челзи плати 43 милиони евра, но ако Реал дојде по него, а тој се уште игра на ова ниво не би бил изненаден да понудат и 180 милиони евра“, изјави Соунес кој во минатото го носеше дресот на Ливерпул со кој освои 16 трофеи.