Крај, по две децении професионално играње…
По две децении, Џон Тери се простува. Имено, по сезоната во Вила со која не успеа да избори враќање во ПЛ, легендарниот капитен на Челзи и англиската репрезентација го напушта фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој е во Португалија на одмор, но веќе пресече, Астон Вила му должи речиси милион евра за плата, а клубот е во големи проблеми.
Без оглед на тоа, Тери сеедно одлучи да замине, нема да игра за некој друг клуб, а изгледа доби понуда да го замени Тиери Анри.
И тоа не на теренот, туку во телевизиското студио. Имено, Французинот кој е и помошник на Роберто Мартинез во белгискиот табор, нема повеќе да коментира натпревари за „Скај Спорт“, а неговото место би требало да го заземе токму Тери.
Во овој момент се водат преговори, а Тери го одби својот пријател Френк Лампард кој сакаше да одигра уште една сезона за Дерби кој ќе го тренира во Чемпионшип.