Дома Фудбал Останато Легендарниот Пеле примен во болница

Легендарниот Пеле примен во болница

Легендарниот бразилси фудбалер (78) вчеравечер е примен во болница во Париз откако присуствувал на промотивен настан заедно со Килијан Мбапе.

Како што пренесува „РМЦ Спорт“ еден од најдобрите фудбалери во историјата е примен во болница поради голема грозница и тоа поради мерки за претпазливост, но се верува дека не е животно загрозен.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Мбапе и Пеле вчера присуствуваа на настан во француската престолнина кој го организираше швајцарското списание „Хублот“.

Искрено се надеваме дека со поранешниот бразилски фудбалер се ќе биде во ред и дека наскоро ќе бие пуштен од болница.

Инаку, токму Мбапе многумина го сметаат за вистински наследник за легендарниот Бразилец. Мбапе иако е се уште млад успеа да го освои еден од најпосакуваните трофеи во светот на фудбалот, а тоа е оној од Светското првенство до кој стигна со Франција изминатото лето.

Мбапе во својата кариера има постигнато 60 погодоци за Пари Сен Жермен и 12 во дресот на репрезентација. Еден од најголемите комплименти за она што го прави својата кариера пред неколку месеци го доби токму од Пеле кој самиот го посочи како фудбалер кој може да го наследи.

„Мислам дека тој може да стане новиот Пеле. Многумина мислат дека ова го кажувам за да ги насмеам луѓето, но, не е шега“, гласеше изјавата на Пеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…