Ajaкс го заврши првото засилување за наредната сезона.
Легендарниот холандски голман Мартин Стекеленбург се врати во Ајакс после точно девет години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стекеленбург не бранеше многу во Евертон поради што одлучи да се врати во татковината. По потврдата се огласи и самиот голман.
„Пресреќен сум што се вратив во клубот во кој ја започнав кариерата. И ја и моето семејство сакавме да се вратиме дома и ова е најдобар можен начин за враќање. Ајакс е клуб број еден и многу сум возбуден“, изјави Стекеленбург.
Инаку овој 37 годишен голман ги помина сите млади категории на Ајакс и за првиот тим бранеше од 2002 до 2011 кога премина во Рома. После две сезони во Рим се пресели во Фулам од каде што одеше на позајмици во Монако и Саутемтптон за Роналд Куман да го доведе во Евертон во 2016 година.
Сепак, за четири години во Евертон собра само 26 настапи и бидејќи на 30. јуни му истекува договорот тој одлучи да се врати во Холандија како слободен играч.