Поранешната француска ѕвезда, Николас Анелка кој играше за бројни европски клубови стана извршен директор на турскиот второлигаш, Умраниспор.
Клубот официјално го потврди ангажманот на 44-годишниот Анелка кој краток период како фудбалер помина и во Турција (Во текот на 2005 и 2006 го носеше дресот на Фенербахче).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Анелка за француската репрезентација во кариерата одигра 69 натпревари и постигна 14 гола. Кариерата ја започна во Пари Сен Жермен, а подоцна играше уште за Арсенал, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити, Јувентус, Челзи, Вест Бромвич, Шангај Шенуоха и индискиот Мумбаи каде што ја заврши кариерата.
Со текот на времето клубовите за неговите трансфери вкупно платија 127 милиони евра и своевремено беше на врвот на ваквата листа, но подоцна со порастот на цените на трансфер пазарот го престигнаа бројни фудбалери.
По завршувањето на кариерата, Анелка во 2017 година работеше во стручниот штаб на холандскиот Роде, потоа во Лил ги тренираше младите напаѓачи, а во 2021 година стана спортски директор на францускиот четвтролигаш Хејерс. Таму се задржа три месеци, но поради пандемијата тимот не одигра ниту еден натпревар.
Во овој момент неговиот нов клуб Умраниспор се наоѓа на 12-тото место на второлигашката табела во Турција.
Bienvenue, Professeur! ❤️🤍
— Ümraniyespor (@Umraniyespor) January 25, 2024
Kulübümüz, CEO pozisyonu için Nicolas Anelka ile anlaşmıştır.
Nicolas Anelka’ya hoş geldin diyor, başarılar diliyoruz.#Ümraniyespor · #SemtinTakımı pic.twitter.com/J7de1u3vP2