Дома Фудбал Останато Легенда: Јапонецот Миура ќе игра фудбал и на 54 години

Легенда: Јапонецот Миура ќе игра фудбал и на 54 години

Легендарниот напаѓач доби нов договор на 54 години.

Јапонскиот ветеран Казујоши Миура го продолжи договорот со Јокахома, иако во февруари ќе наполни дури 54 години.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Миура дебитираше во 1986 година во дресот на бразилскиот Сантос, а после престојот во Бразил се врати во Јапонија каде што помина најголем дел од својата кариера. Помина сезона во Џенова како и во Динамо Загреб во 1999 година.

Во Јокохама е од 2005 година и за тој клуб запиша соро 300 натпревари.

„Го обновив договорот со Јокохама. Минатата сезона светот беше во тешка ситуација поради короната, а сите сме среќни што повторно можеме да играме фудбал. Ми недостасуваше фудбалот и мојата страст кон него се повеќе се зголемува“, изјави ветеранот Миура.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Левандовски одговори на шпекулации за пензија

Иако некои извори пишуваа дека Роберт Левандовски размислува за заминување во пензија доко…