Дома Фудбал Германија Левандовски предупредува: Тимот на Баерн е стар!

Левандовски предупредува: Тимот на Баерн е стар!

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски го предупреди раководството на гермнаскиот гигант дека тимот е се постар и дека му е потребно освежување.

Баварците после 11 кола во Бундес лигата се наоѓаат на првото место на табелата, но на почетокот имаа голема проблеми, по што раководството му врачи отказ на Карло Анчелоти.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Слабите изданија во Лигата на шампиони ги загрижија Баварците, а дека е „запален алармот“ предупреди и 29-годишниот Левандовски. Во тимот има шестимина фудбалери кои имаат повеќе од 30 години.

„Не треба да се залажуваме. На секој клуб му е потребен нов играч од светска класа на две или три години. Потребно е освежување, нов квалитет, нова свежа крв. Ние сега имаме добар тим, но е се постар и постар“, искрен беше Левандовски.

„До сега ни успеваше да ги замениме старите. Го имаме младиот Кимих, кој е одличен на новата позиција и кој покажа дека одлично може да го замени Филип Лам“, заклучи полскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Слаб интерес за Светското клупско првенство

Групната фаза на Светското клупско првенство на ФИФА ја обележа малата посетеност на стади…