Според информациите на американските медиуми кошаркарската суперѕвезда, Леброн Џејмс (36) стана шестиот спортист кој во кариерата заработил повеќе од милијарда долари.
Џејмс до милијардата стигна со приходот од својата улога во филмот „Space Jam“ кој почна да се прикажува во кината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според проценките актуелниот играч на Лос Анџелес Лејкерс во текот на своите 18 години поминати во НБА заработил 330 милиони долари, додека 700 милиони заработил од спонзорства и деловни вложувања.
Пред Џејмс до заработка од милијарда долари стигнаа голферот Тајгер Вудс, боксерот Флојд Мејведер, тенисереот Роџер Федерер и фудбалерите Роналдо и Меси. Ова значи дека Леброн е првиот кошаркар милијардер.