Сергеј Милинковиќ-Савиќ е на мета на многу европски гиганти, па на лето е спремен да направи чекор напред во кариерата.
Српскиот репрезнетативец има договор со Лацио до 2024 година, но италијанскиот клуб е спремен да го продаде на лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лацио има финансиски проблеми и ќе мора да прави реконструкција на тимот на лето, па поради тоа е спремен да го „жртвува“ Србинот и му одреди цена од 70 милиони евра.
За неговиот потпис ќе се борат четири европски гиганти и тоа ПСЖ, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Најсилен е инетерсот на „црвените ѓаволи“ кои во него гледаат идеална замена за Погба, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“.
Тренерот Маурицио Сари се согласил за негова продажба, но бара парите од продажбата да бидат потрошени за нови засилувања.