Лацио не ја отвори најдобро сезоната како во Серија А, така и во Лига Европа, па најверојатно сметката за слабите резултати ќе ја плати тренерот Симоне Инзаги.
Лацио моментално е на седмото место во Серија А со 12 бода по осум одиграни кола, додека во Лигата на Европа има само една победа и два порази.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите на Апенините тврдат дека фаворит за наследник на Инзаги е Џенаро Гатузо.
Според „Тутомеркато“, Лацио веќе започнал преговори со поранешниот тренер на Милан, кој е спремен да седне на жешкото столче на „Олимпико“.
Симоне Инзаги е во Лацио од 2010 година, кога го презеде младинскиот тим, а во 2016 година беше именуван за тренер на првиот тим.