Шпански „АС“ пренесува дека Барселона мора да ослободи 20 милиони евра за да може да го регистрира дефанзивецот Жил Кунде.
Кунде ги пропушти првите две кола во Ла Лига затоа што Барселона не може да го регистрира, па така Каталонците се во опасност да им пропадне трансферот вреден 50 милиони евра. После победата против Реал Сосиедад и Чави призна дека не е сигурен и е загрижен поради ситуацијата со Кунде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Засега ситуацијата не изгледа дека може брзо да се реши затоа што нема играч кој е блиску до заминување. Депај изгледаше дека ќе се пресели во Јувентус, но во последен момент оваа зделка се искомплицира затоа што Холанѓанецот побара повеќе пари од „старата дама“.
Преговорите се во тек за преминување на Обамејанг во Челзи, Умтити на маса има понуда од повратникот во Серија А Лече, Брајтвајт може да заврши во Мајорка, а може да замине и Сержињо Дест.
Лапорта и Барселона имаат рок од 10 дена да пронајдат решение и сигурно дека ги чека трка со времето. Во случај да не го регистрираат Кунде тој ќе може бесплатно да замине и така Барса само би изгубила 50 милиони евра кои ги плати за да ги доведе.