Навивачите на Барселона со нетрпение го очекуваат утрешниот ден кога конечно ќе биде одржан изборот за нов претседател на клубот.
Барселона веќе неколку месеци е без клуб откако Бартомеу во октомври поднесе оставка. Изборите требаше да бидат одржани на 24. јануари, но поради пандимијата се одложени за 7. март.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Многумина сметаат дека Лапорта е фаворит на утрешните избори бидејќи со доста успех ја предводеше Барселона како претседател. Покрај него, кандидате се уште и Виктор Фонт и Тони Фреиша.
Тие синоќа учествуваа во една дебата на шпанска телевизија, и секој од нив се обиде да ги убеди гласачите за што треба да гласаат за него.
Но, на крајот Лапорта имаше збор и со една реченица ги “уништи“ своите противници. Лапорта му се обраќаше на Фонт кој ветува дека Меси ќе остане и ќе го донесе Чави.
„Човече, зборуваш дека ќе го убедиш Меси да остане, а воопшто не го познаваш лично. Престани да ми се фалиш секогаш кога ќе го завршам излагањето, подобро гласај за мене во недела, ќе ти биде попаметно.“ – порача Лапорта.