Дома Фудбал Лапорта: Сега конечно сме во ситуација да делуваме на трансфер пазарот

Лапорта: Сега конечно сме во ситуација да делуваме на трансфер пазарот

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта рече дека во Ханси Флик ја гледа вистинската личност која ќе го унапреди спортскиот проект и ќе го зачува идентитетот на клубот.

„Како претседател на Барса морам да го ставам интересот на клубот пред различни персонални и индивидуални ситуации.Чави пишуваше историја за нашиот клуб со златни букви, но дојде време за нов импулс. Моравме да ја направиме оваа промена. Ханси Флик со своето искуство, дисциплина и доверба во филозофијата на клубот не убеди дека тој е најдобрата опција за ова ново туркање на првиот тим за да не подготви за предизвиците што претстојат. Тој ќе донесе самодоверба, одлучност и многу нова енергија која им е потребна на сите“, изјави Лапорта.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Можеме да направиме каква било операција на пазарот. Деко во моментов дава се од себе за да го засили тимот. Наскоро ќе ја објавиме економската ситуација. Сега конечно можеме да кажеме дека сме во ситуација да донесеме играчи, вклучувајќи и големи имиња“, додаде Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Игор Ангеловски поднесе оставка – повеќе не е тренер на Етникос Ахна

Македонскиот тренер Игор Ангеловски остана без ангажман, откако реши да поднесе оставка од…