Дома Фудбал Лапорта за Халанд: Ќе бидам искрен, провизијата е астрономска

Лапорта за Халанд: Ќе бидам искрен, провизијата е астрономска

Барселона е еден од кандидатите за потписот на Ерлинг Халанд, но дали навистина клубот е спремен да ја победи конкуренцијата?

Халанд на лето ќе може да ја напушти Борусија Дортмунд за 75 милиони евра, но јавна тајна е дека неговиот агент Мино Раиола и таткото на Норвежанецот барата голема провизија.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Претседателот на Барселона зборуваше на оваа тема и откри колкава провизија треба да плати клубот кој го сака неговиот потпис.

„Кога станува збор за Халанд сигурно нема да зборувам нешто што не е вистина. Ако треба да се плати голема провизија, тогаш тоа ќе го кажам и нема да го кријам. Клузулата изнесува 75 милиони, но целиот трансфер е 120 милиони. Ако сакаме да го доведеме и треба да платиме 40 милиони евра провизија, тогаш тоа ќе го кажам јавно“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Левандовски по Барса се сели во италијански гигант

Роберт Левандовски игра повторно како некогаш и јасно е дека го следат бројни великани. Иа…