Поранешниот претседател на Барселона и прв фаворит на престојните избори, Жоан Лапорта откри интересни детали од минатото.
Лапорта откри дека Лео Меси и Роналдо можеле да бидат соиграчи на „Ноу Камп“, но тој одбил да го купи Португалецот во 2003 година.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Потпишувавме договори со Роналдињо и Рафа Маркез, а луѓето на Маркез ни го понудија и Кристиано Роналдо, кој тогаш беше во Спортинг Лисабон. Еден од неговите агенти изјави дека Јунајтед ќе дадат 19 милиони, но ќе ни го дадат на нас за 17 милиони“.
„Но, веќе имавме инвестирано во Роналдињо. Кристиано играше повеќе како крило и мислевме дека сме покриени на таа позиција. Затоа го одбивме и не жалиме поради тоа“, откри Лапорта.