Фудбалерите на Челзи загубија од Реал Мадрид со резултат 2:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Френк Лампард немаше апсолутно никакви шанси против европскиот шампион, но менаџерот на Челзи се уште верува во пласман во следната фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не знаевме дека Реал Мадрид е толку силен“, започна искрено Лампард и продолжи:
„Резултатот е реален, но им кажав на моите играчи дека чуда можат да се случат на „Стемфорд Бриџ“. Реал има одличен тим, но мораме да веруваме во себе. Јас сум првиот што не се откажува и морам да имам верба во мојот тим“, порача Лампард.
Зборуваше Лампард и за проблемите во нападот на неговиот тим.
„Често го добивам тоа прашање. Прво мислев дека треба да работиме повеќе и навистина играме многу во последната третина од теренот на тренинзите, но неопходна е и самодоеврбата на играчите. Сигурен сум дека ако работите напрно, верувате и не се откажувајте, работите ќе се вратат на свое место“, истакна Лампард.
Реваншот помеѓу Челзи и Реал Мадрид е закажан за вторник.