Челзи во неделе ќе го одигра првиот натпревар пред своите навивачи во новата сезона што воедно ќе биде и деби за Френк Лампард на „Стенфорд Бриџ“ во улога на тренер.
Лампард се враќа на добро познато место, но овој пат како менаџер.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Неговиот тим ќе се обиде да се „извади“ за убедливиот пораз од првото коло од Манчестер Јунајтед и дуелот со Лестер.
„Горд сум што го водам овој тим. Ќе биде многу емотивен и посебен ден за мене, но најважно е да победиме во овој натпревар. На натпреварот со Манчестер Јунајтед имаше добри моменти, но сето тоа се изгуби во резултат. Потоа игравме против Ливерпул еден од најдобрите тимови во светот и бевме рамноправен противник“, смета Лампард.
Лампард ги прокоментира и навредите на сметка на младиот напаѓач Томи Абрахам.
„Абахам има одличен карактер. Ми се смачи од т.н навивачи на Челзи кои знаат само да критикуваат“, изјави стратегот на „сините“.