Дома Фудбал Англија Лампард: Мегваер требаше да биде исклучен и голот на Зума беше регуларен

Лампард: Мегваер требаше да биде исклучен и голот на Зума беше регуларен

Meнаџерот на Челзи Френк Лампард не сакаше премногу да ги критикува своите играчи после поразот од Манчестер Јунајтед.

Сините на свој терен изгубија од Манчестер Јунајтед со 2:0 во натпревар во кој ВАР им поништи два гола.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Доживеавме тежок пораз на многу нивоа. Сепак, не можам да се жалам на она што го прикажаа момците“, изјави Лампард.

ВАР поништи два гола на Челзи на овој натпревар. Прво поради фаул беше поништен голот на Зума, а потоа поради офсајд голот на Жиру. ВАР се користеше и кога беше одлучено Хари Мегваер да не добие црвен картон за ударот во меѓуножјето на Батшуаи кон средината на првото полувреме.

„Мегваер заслужи црвен картон. Тоа ќе променеше се. И нашиот прв гол требаше да биде признат. Жиру беше во офсајд и таа одлука ја разбирам“, порача Лампард.

Челзи после овој пораз е четврти на табелата со бод повеќе од петопласираниот Тотенхем и девет помалку од третопласираниот Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Дијас веќе има договор со Баерн, објави “Билд”

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијас, постигна договор со Баерн Минхен за личните услови, екс…