Aнглиските медиуми пишуваат за потенцијален голем трансфер на Челзи.
Забраната за трансфери на Челзи неодамна му беше укината и сега навивачите очекуваат засилувања во зимскиот проеден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утрово медиумите на Островот објавија дека „сините“ од Лондон се договориле со Џејдон Санчо! Според нивните информации сега на ред е Борусија која би прифатила понуда од 120 милиони евра.
Во случај навистина Лампард во Челзи да го доведе Санчо за таа сума, тој би станал најскап фудбалер на Островот.
Англискиот фудбалер на 24 настапи во сите натпреварувања постигна 12 гола и запиша 13 асистенции. Санчо е производ на акдемијата на Манчестер Сити, а сега постои можност да заигра за голем ривал на „граѓаните“.