Најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага го загуби местото во првиот тим бидејќи менаџерот Френк Лампард не е задоволен од неговите изданија.
Изминатиот викенд Лампард одлучи да му даде шанса на ветеранот Вили Кабалјеро во дуелот против Лестер, а првиот избор Кепа седеше на клупата, а тоа најверојатно ќе се случува и во следниот период.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лампард наводно влегол и во конфликт со директорите на клубот и сака да го исфрли Кепа од тимот, па веќе нашол негова замена.
Англиските медиуми пренесуваат дека Лампард сака да го ангажира голманот на Барнли, Ник Поуп, кој оваа сезона блеска во Премиер лигата.
27-годишниот Англичанец дури е кандидат за прв голман на репрезентацијата на Европското првенство, а Лампард смета дека би имал одлична иднина на „Стенфорд Бриџ“.