Александре Лаказет дефинитивно ќе го напушти Арсенал на крајот на сезоната и веќе почна да бара нов клуб.
Договорот на Лаказет истекува на крајот на сезоната, „топџиите“ му понудија едногодишен договор, но напаѓачот ја одби понудата.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Најсилен интерес за него покажува Вест Хем, па големи се шансите Французинот да остане во Премиер лигата.
Лион исто така сака да го врати во своите редови, но проблем е високата плата, која пак „чеканите“ нема да имаат проблем да му ја плаќаат.
Лаказет од почетокот на сезоната запиша 28 настапи на кои постигна 8 гола и веќе започнал преговори со Вест Хем, каде треба да пристигне како слободен агент.