Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров за баражот со Фарски Острови: Имаме подеднакви шанси

Лазаров за баражот со Фарски Острови: Имаме подеднакви шанси

Македонската ракометна репрезентација на денешната ждрепка во „Ланксес Арената“ за противник во баражот за Светското првенство ја доби селекцијата на Фарски Острови.

Фарски Острови е една квалитетна селекција која на ова Европско првенство беше најпријатното изненадување и оствари одлични резултати. Свесен за квалитетот на Фарски Острови секако е и селекторот Кирил Лазаров.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


“Добивме квалитетен противник кој со квалитетот на играта направи проблеми на сериозни европски селекции на последното Европското првенство. Имаат огромен напредок во сите ракометни категории во последните три-четири години. Неатрактивна ракометна национална селекција, но многу квалитетна.

Имаме време добро да се подготвиме за бараж натпреварот. Очекувам неизвесен дуел на двата натпревари. Имаме подеднакви шанси за пласман на СП 2025″, изјави селекторот Лазаров.

Првиот натпревар го играме на 8/9 мај во Торшван, додека реваншот е во Скопје на 11/12 мај. Победникот од двомечот заедно со победниците од останатите парови обезбедува место на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Поранешна репрезентативка на Македонија ќе стане судијка! (Фото)

Поранешната македонска ракометна репрезентативка Јована Саздовска, која неодамна стави кра…