Дома Македонски спорт Мак фудбал „Лавовите“ се куп мајстори: На пенали го одбранија трофејот! 🎥

„Лавовите“ се куп мајстори: На пенали го одбранија трофејот! 🎥

Како што веќе навикнавме во последните неколку години и оваа победникот во Купот на Македонија се решаваше по изведувањето на пенали, а трофејот остана во Ѓорче.

Македонија Ѓорче Петров и Струга Трим по 120 минути фудбал одиграа 1:1. Бранителот на трофејот прв стигна до водство со голот од пенал на капитенот Филип Мишевски. Треба да се истакне дека Мишевски покрај постигнатиот гол одигра фантастично во одбраната и беше веројатно најдобриот поединец во својот тим.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Струга се обидуваше да дојде до изедначување, а тоа им успеа дури во 79-тата минута. По една мешаница Јусуфи шутираше со глава и го погоди Стоилов, па топката од него заврши во мрежата.

Во продолжение ниту една од екипата не сакаше да ризикува и немаше посериозни прилики. Ова беше петти пат во последните шест години победникот во Купот на Македонија да се решава по изведувањето удари од 11 метри.

Фудбалерите на Струга не реализираа ниту еден, па головите на Личина и Скендери беа доволни за трофејот да остане во Ѓорче. Со овој триумф Македонија Ѓорче Петров обезбеди и европско лето во кое ќе игра квалификации во Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…